Официјално: Барселона му врачи отказ на Куман

by
1 минути читање

Столчето на Куман се тресеше веќе некое време, поразот од Рајо Ваљекано ја прели чашата кај Жоан Лапорта кој го отпушти холандскиот стратег.

„ФК Барселона го ослободи Роналд Куман од должностите кон првиот тим. Претседателот на клубот, Жоан Лапорта го информираше него за одлуката по поразот од Рајо Ваљекано. Роналд Куман утре ќе се збогува од тимот. Барселона му се заблагодарува за неговите услуги во клубот и му посакува се најдобро во професионалната кариера“, се вели во соопштението на Барселона.

Допринос за отказот на Куман даде и нашиот Столе Димитриевски кој му одбрани пенал на Депај и помогна Барселона да биде поразена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани