Официјално: Барселона го врати Делофеу

by
1 минути читање

Бекот кој изминатите три сезони ги помина играјќи за Евертон, Севиља и Милан се враќа во Барселона.

Делофеу во 2015 година потпиша договор со Евертон за сума од околу 5 илиони евра. Во договорот имаше клаузула според која Барселона може да го врати играчот доколку плати 12 милиони евра.

По одличните партии на Делофеу во Милан, Барса одлучи да ја искористи можноста и да го врати играчот.

„Барселона ја активираше клаузулата за враќање на Делофеу. Во наредните денови ќе бидат договорени деталите со Евертон и Делофеу кој ќе потпише договор до 2019“ – се вели во соопштението на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани