27 годишниот
фудбалер од средниот ред, Тимуе Бакајоко се врати на позајмица во Милан каде ќе
биде отстапен за оваа сезона, а во дресот на „Росонерите“ беше претходно во
сезоната 2018-19, каде на 31 натпревар постигна и еден гол, лани беше дел од
составот на Наполи, исто на позајмица.
Според
договореното, Бакајоко во следните две сезони ќе биде позајмен, а воедно и на
платен список во Милан, а италијанскиот вицепрвак ќе има и опција за целосно да
го откупи неговиот договор со одредени услови.
„Милан е среќен
што може да го претстави ангажманот на Тимуе Бакајоко од Челси на две годишна
позајмица, со тоа што би можело да дојде и до облигација доколку одредени
услови бидат исполнети“ напишаа „Росонерите на социјалните мрежи.