Официјално: Баерн Минхен потпиша со Нусар Мазрауи

by
1 минути читање

Баварците денеска потпишаа со 24-годишниот марокански фудбалер кој игра на позицијата десен бек.

„Баерн Минхен го комплетираше потпишувањето на Нусар Мазрауи. 24-годишниот фудбалер доаѓа како слободен фудбалер од Ајакс, тој потпиша договор со 2026 година“, стои во соопштението на германскиот клуб.

Мазрауи во 2013 година стана член на школата на Ајакс, во првиот тим за холандскиот клуб дебитираше во 2018 година. Тој има 137 настапи за Ајакс и 10 гола. Има и еден гол за Мароко во 12 настапи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани