291
Астон Вила успеа во намерата да го обезбеди потписот на Филипе Кутињо за наредните четири години, тој повеќе не е фудбалер на Барселона.
„Астон Вила со задоволство може да соопшти дека потпиша перманентен договор со Филипе Кутињо од Барселона. Бразилскиот плејмејкер потпиша договор до 2026“, стои во соопштението на клубот.
Астон Вила не ги соопшти бројките, но тоа го направи Барселона.
Каталонскиот клуб соопшти дека за трансферот на Кутињо ќе добие 20 милиони евра и половина од сумата за која Астон Вила би го продала Бразилецот во иднина.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.