Екипата Милан го потврди ангажманот на Масимилијано Алегри како нов предводник на првиот тим.
Со официјално соопштение, „росонерите“ информираа дека искусниот италијански стратег ќе го преземе кормилото со надеж дека ќе донесе стабилност и резултати во претстојната сезона.
„Милан со задоволство објавува дека Масимилијано Алегри е именуван за тренер на машкиот прв тим. Клубот му посакува топло добредојде на Масимилијано и успех во новата авантура,“ се наведува во објавата.
Алегри се враќа на „Сан Сиро“ по една деценија, во клубот со кој ја освои титулата во Серија А во 2011 година. По заминувањето од Милан, имаше успешен период со Јувентус, каде што освои пет шампионски титули по ред и играше финале во Лигата на шампионите.