Со 257 постигнати голови во 384 настапи за Манчестер Сити, Агуеро е најдобар стрелец во историјата на овој клуб.
Манчестер Сити денеска потврди дека Аргентинецот ќе си замине по крајот од сезоната кога му истекува договорот.
Клубот ќе му се заблагодари со тоа што ќе постави стаута од него пред Етихад, заедно со оние на Давид Силва и Винсент Компани.
32-годишниот фудбалер не се изнаигра оваа сезона, се мачеше со повреди, а и не беше во преден план кај Гвардиола.
Агуеро го потврди своето заминување преку социјалните мрежи, а и Манчестер Сити напиша соопштение во негова чест.
— Sergio Kun Aguero (@aguerosergiokun) March 29, 2021
It’s going to be emotional…
#ManCity | https://t.co/axa0klD5rehttps://t.co/4COpSpmz7a
— Manchester City (@ManCity) March 29, 2021
Се верува дека Барселона е фаворит за неговиот потпис, но не се исклучуваат ниту неколку други опции како што се заминување во МЛС.