Официјални состави: Мбапе почнува од првата минута, заедно со Нејмар и Меси во нападот

by
1 минути читање

Реал Мадрид мора да победи за да оди во четвртфинале откако ПСЖ го доби дуелот во Париз со 1-0 со погодок на Килијан Мбапе.

Познати се официјалните состави на двете екипи.

Во составот на Реал Мадрид на голот е стандардно Куртоа, пред него се Милитао и Алаба, на бековските позиции ќе играат Карвахал и Начо. Во средината на теренот се Крос, Валверде и Модриќ. Крилно по страните ќе напаѓаат Асенсио и Винисиус, а најистурен ќе биде Бензема.

На голот на ПСЖ е Донарума, пред него се Кимпембе и Маркињос, бекови се Хакими и Нуно Мендеш. Во средината се Верати, Данило и Паредес, а напаѓачкото трио го сочинуваат Нејмар, Меси и Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×