Официјални состави: Флик и Инзаги ги одбраа стартерите! (ФОТО)

by riste
0 минути читање

Денеска Барселона и Интер ја почнуваат полуфиналната битка во Лигата на шампионите, Ханси Флик и Симоне Инзаги ги одбраа фудбалерите кои ќе го почнат мечот.

За Барса на голот е Шчесни, во одбраната се Кунде, Кубарси, Мартинез и Мартин, во средниот ред се Де Јонг и Педри, а пред нив ќе игра Олмо. Странично ќе напаѓаат Јамал и Рафиња, централно е Феран Торес.

Инзаги ќе нападне со Турам и Лаутаро, во средниот ред се Мхитарјан, Чалханоглу и Барела, а истурени бекови се Димарко и Думфрис. Тројката во одбраната ја сочинуваат Бастони, Ачерби и Бисек. На голот стандардно е Зомер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани