Фудбалската федерација на Македонија денеска ги соопшти одлуките на Дисициплинската комисија за случувањата во изминатиот период, а како што се очекуваше најтешко помина Гостивар.
Гостивар одлучи да го напушти теренот против Работнички во рамките од 29. коло откако домаќините постигнаа гол за водство од 2-1 и за тоа покрај клубот казни добија и главните виновници.
Така овој клуб се соочи со одземање на девет бода и забрана за играње на домашен терен од 10 натпревари и тие дуели ќе мораат да бидат одиграни на 100 километри од теренот кој им беше пријавен како домашен.
Суспензија доби и претседателот на Гостивар, Енес Уста кој две години нема смее да извршува функција поврзана со фудбалот. Исто така на две години суспендирни се фудбалерот Алпер Потук и Блажо Панов, шефот на стручиот штаб на гостиварци. Сите тројца се казнети поради повикување на фудбалерите да го напуштат теренот.
Казни од по 500 евра добија и сите фудбалери кои биле во записникот за средбата со Работнички. Клубот ќе мора да плати и парична каза од 5.000 евра.
Останати одлуки на Дисициплинската комисија:
ФК Башкими се казнува со парична казна во износ од 3.500,00 евра за слаба огранизација на натпреварот од 23. коло во Втора МФЛ против ФК Новаци, односно поради употреба на пиротехнички средства и присуство на неслужбено лице во службени простории.
Бурак Хида – претседател на ФК Башкими се казнува со забрана за вршење на функција во траење од 2 (два) месеци поради присуство во службени простории, иако не бил во записник како официјално лице на натпреварот ФК Башкими – ФК Новаци, како и поради вербален напад на судиите на натпреварот од 23. коло во Втора МФЛ.
ФК Струга Трим Лум АД се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација (инцидент во близина на службени простории, присуство на неслужбени лица и учество во инцидент на редарска служба) на натпреварот ФК Струга Трим Лум – ФК Гостивар во рамки на 28. коло во Прва МФЛ.
Против ФК Воска АД се поведува постапка поради непојавување на натпревар во Струмица помеѓу ФК Брера А.П. и ФК Воска во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.
Фото: ФК Работнички