Финалето од Купот на Македонија меѓу Вардар и Струга ТЛ, закажано за 21 мај со почеток од 20:00 часот, ќе донесе уште еден возбудлив фудбалски спектакл, а ВАР-технологијата повторно ќе биде дел од сцената – исто како и минатата сезона на мечот меѓу Тиквеш и Воска Спорт.
Иако македонските арбитри сè уште се во процес на обука за користење на ВАР, од ФФМ решија во ВАР-собата и овојпат да бидат судии од Србија. Технолошката поддршка ќе ја обезбедат Новак Симовиќ од Нови Сад и Урош Стојковиќ од Белград.
Главен судија на дербито ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, а на линиите ќе му помагаат Дарко Јовчевски од Тетово и Мартин Петковски од Куманово. Улогата на четврти судија ќе ја има Јован Качевски, кој доаѓа од Струга.