Одредена е суспензијата на Меси, познато е колку ќе паузира Аргентинецот

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
Барселона, Лионел Меси доби суспензија од два меча по финалната одлука на
дисциплинската комисија при шпанскиот фудбал по црвениот картон на Аргентинецот
во мечот против Атлетик Билбао.

Со тоа,
Аргентинецот нема да биде во можност да им помогне на своите соиграчи на
дуелите со Корнела во Копа дел Реј, односно Елче во Примера, а се шпекулираше
дека суспензијата може да биде многу поголема, дури до 12 меча доколку неговиот
потег се окарактеризира како агресивен, но до тоа не дојде.

Меси го удри
Асиер Вилалибре во финалните минути од продолжението од пресметката со Атлетик
Билбао, а по прегледување на снимките со помош на ВАР технологијата од тој
момент, немаше дилеми дека Аргентинецот ќе заработи исклучување, а во извештајот
се наведува дека потегот на Меси не бил окарактеризиран како знак на агресија.

Во 120 минута,
фудбалерот со број „10“, Лионел Меси му беше доделен црвен картон од следната
причина
: Поради тоа што го
удри својот противник со рака употребувајќи прекумерна сила додека топката беше
во игра, но не на растојание од својот противник
“ стои во извештајот на главниот
арбитар од тој меч Хесус Жил Манцано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×