Манчестер
јунајтед доби пеколен распоред од три натпревари во Премиерлигата во само една
седмица, вклучително и дербито со Ливерпул кое требаше да биде одиграно
изминатиот викенд.
Како што е
познато, навивачите на Манчестер јунајтед протестираа против семејството
Глејзерови, инаку мнозински сопственици во клубот, а од истото побараа
повлекување, меѓутоа протестот отиде до таму што навивачите дури и влегоа на
теренот од „Олд Трафорд“ што доведе до одложување на дербито со Ливерпул.
Од Премиерлигата
ги објавија новите термини на претстојните натпревари, со тоа што на 11 мај
Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекува Лестер, за два дена подоцна со почеток од 21,15 часот да
го одигра и дербито со Ливерпул исто на свој терен.
Веќе на 18 мај
Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекува Фулам, а со оглед на големиот
предизвик пред избраниците на Оле Гунар Солшер и веројатниот пласман во
големото финале од Лига Европа по убедливиот триумф во првиот меч против Рома
со 6-2, ова дефинитивно ќе биде пеколен распоред за „Црвените ѓаволи“.