Одложен натпреварот меѓу Арсенал и Ливерпул

by
1 минути читање

Ливерпул побара одложување на мечот поради голем број позитивни случаи на ковид-19, барањето беше прифатено, па нема да се игра утрешниот меч.

Ваквото одложување добро ќе му дојде на Ливерпул, кој покрај позитивните играчи на располагање ги нема и Салах, Кеита и Мане кој отпатуваа на Африканскиот куп на нации.

Интересно, Ливерпул има многу отсутни, но само тројца од играчите се позитивни на ковид-19. Алисон, Фиримино и Матип имаа позитивен тест.

Но и покрај тоа, прифатено е нивното барање за одложување.

Покрај африканските фудбалери и позитивните на ковид-19, во Ливерпул има неколку повредени како што се Тиаго, Филипс, Џонс, Адриан, Елиот, Ориги и Минамино.

Вечерва се игра првото полуфинале од Лига Купот меѓу Челси и Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×