Одложен мечот меѓу Џенова и Торино поради ковид-19

by
1 минути читање

Џенова пријави 14 позитивни случаи на коронавирус и побара одложување на мечот против Торино поради неможноста да направи нормален тим за овој натпревар.

Мечот меѓу Џенова и Торино требаше да се одигра во сабота со почеток од 18 часот, но Серија А потврди дека натпреварот се одложува по барање на Џенова.

Серија А повтори и дека во лигата се аплицирани правилата за ковид-19 од УЕФА а тие велат:

Доколку тимот има 13 играчи на располагање вклучително и голман, натпреварот треба да се игра како што е планирано. Доколку нема, тогаш ќе загуби 3-0 службено.

Но на секој клуб му е дозволено да побара по едно одложување на меч без службено да загуби, доколку имаат најмалку 10 позитивни случаеви во истата недела кога треба да се одигра натпреварот.

Ова значи дека Џенова го користи ова право.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани