Роберт Левандовски се врати во тренажен процес и тренира со остатокот од екипата на Барселона по двонеделна пауза поради повреда, соопштија од каталонскиот клуб.
Полскиот голгетер беше надвор од терените од 19 април, кога заработи повреда на тетивата на дуелот против Селта, кој Барса го доби со 4-3. Од тогаш, пропушти два натпревари во Примера, финалето на Купот на Кралот против Реал Мадрид (3-2), како и првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони против Интер, кој заврши 3-3.
Каталонците денеска патуваат за Милано, каде утре ќе се решава кој ќе обезбеди билет за финалето во ЛШ. Според шпанските медиуми, 36-годишниот Левандовски ќе биде во комбинација, но најверојатно ќе започне од клупата.
Клубот преку социјалните мрежи објави фотографија од Левандовски со новиот тренер Ханси Флик, со јасна порака: „Левандовски тренира со тимот“. Полјакот сезонава има 40 погодоци во сите натпреварувања.