Изминатото лето
Мартин Одегард и дефинитивно ја заврши својата авантура со Реал Мадрид, а
неговиот договор во целост беше откупен од Арсенал, каде Норвежанецот се пронајде
себе си откако најпрво беше на позајмица во Лондон.
Како што и самиот
плејмејкер тврди, за него воопшто не било лесно да се формираат пријателства и
пријатели во Реал Мадрид, меѓутоа е среќен поради фактот што искусил тешко
искуство кое на крајот го направило посилен.
„Постоеа многу
тешки периоди, едни со првиот тим, други со вториот“ изјави Одегард за
норвешкиот канал „ТВ2“.
„Но, да се биде
помеѓу најдобрите ме направи посилен, чувствувам дека се развив во тоа што сум
денеска најмногу благодарение на Реал Мадрид, а учев од фудбалери како Серхио
Рамос и Кристијано Роналдо“ додаде тој.
„Кога сте на
високо ниво, воопшто не е лесно да формирате пријателства и пријатели, најмалку
кога сте млад и доаѓате од друга средина, јас дојдов од сосема различна култура
во соблекувалната, а воопшто не е лесно да се вклопите во соблекувална како таа
на Реал Мадрид, тоа е навистина тешко, а сето тоа ме направи посилен и среќен
сум што истото го искусив“ заклучи Норвежанецот.