673
Во среда Арсенал му гостува на ПСЖ во реванш полуфиналниот меч од Лигата на шампионите, топчиите загубија дома со 1-0, па во Париз ќе мора да бркаат победа.
Мисијата ќе биде исклучително тешка, но во Арсенал знаат дека ако го победија Реал Мадрид на негов терен, зошто да не го направат истото и со ПСЖ.
„Лути сме и разочарани. Па да ги искористиме сите овие емоции за натпреварот во среда“, вели Одегард.
„Знаеме за што играме. Треба да се држиме заедно и да креираме енергија за да бидеме подготвени“.