60
Синоќа Норвешка со 3-0 го победи Гибралтар, а во финишот од првиот дел Одегард го превитка зглобот. Му се укажуваше лекарска помош на теренот, беше заменет на полувремето.
Селекторот на Норвешка, Стеле Солбакен е оптимист дека не станува за сериозна повреда и тој ќе биде подготвен веќе за следниот меч.
„Имам голема надеж дека Мартин ќе биде фит за мечот против Турција во сабота. Не е сериозна повредата“, вели Солбакен.
Одегард се промовираше во еден од клучните играчи на Арсенал во изминатиот период и составот на Артета би претрпел голем удар доколку тој биде отсутен на подолго време.