196
Второт дел од минатата сезона Одегард го помина на позајмица во Арсенал и остави солиден впечаток.
Арсенал посака да го задржи и почна преговори со Реал Мадрид за купување на Норвежанецот.
Во Реал Мадрид не би добил голема шанса да игра, па клубот е подготвен да го продаде.
Според Фабрицио Романо преговорите меѓу Арсенал и Реал Мадрид се во завршна фаза. Одегард ќе потпише договор со топчиите до јуни 2026.