Од утре во продажба билетите за натпреварот Македонија – Словенија

by
1 минути читање

„Влезниците чинат 300. денари за јужната трибина и 200 денари за источната трибина од Националната арена „Тодор Проески“.

Капацитетот на Националаната арена е ограничен на 30 %.

Строгите здравствени ограничувања и протоколите на УЕФА за заштита од Ковид-19 се причините поради кои на северната трибина ќе биде дозволено присуство само на лица од двете репрезентации, лица од ВИП секторот и службата за организација на натпреварот.

Фудбалската федерација на Македонија билетите од западната трибина ќе ги распредели за верните навивачи на Македонија од навивачките групи кои покажаа интерес за присуство на натпреварот.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и да им бидат поддршка на „Рисовите“ за натпреварите од ЕУРО 2020“, стои во соопштението на ФФМ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани