Од Пума се извинија до навивачите на Борусија Дортмунд за грешката со дресовите

by
0 минути читање

Борусија Дортмунд
славеше со 1-2 на гостувањето кај Бешикташ, но навивачите на германскиот клуб
тргнаа со низа критики поради фактот што на горниот дел на дресовите не беше
присутен грбот на клубот.

„Милионерите“ на
гостувањето во Турција играа со третата гарнитура дресови за оваа сезона, а од гигантот
за спортска опрема „Пума“ беа принудени да се извинат за грешката која била
направена со тие дресови.

Ние во целост го
разбираме револтот на навивачите, а во оваа прилика би сакале да се извиниме за
сево ова
“ рече извршниот директор на „Пума“, Бјорн Гулден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×