ЦИЕС попладнево
го објави својот нов извештај за вредноста на фудбалеите од петте најсилни првенства
во Европа. Споредбено со извештајот кој беше објавен во септември, најголем
скок има Џејдон Санчо.
18 годишната ѕвезда
на Борусија Дортмунд сега вреди 87,9 милиони евра, што е за 78,2 милиони евра
повеќе во споредба со пред три месеци.
Англичанецот се
пресели на Сигнал Идуна Парк на 31. август 2017 откако не најде заеднички јазик
со Манчестер Сити за продолжување на соработката. Во својата прва сезона во
редовите на „милионерите“ не добиваше многу шанса но затоа пак блесна оваа.
Изминатиов викенд
донесе победа над лутиот ривал Шалке и стана најмладиот стрелец во историјата
на дербито на Рур. Со три гола и една асистенција, тој беше избран за играч на
месецот во Бундеслигата во октомври, а доби и повик од Саутгејт и дебитираше во
првиот тим на Англија.
Интересно, Џејдон
Санчо во март гостуваше во Скопје кога Македонија се сретна со Англија во
елитната група од квалификациите за Европското првенство за играчи до 19
години. Тогаш нашите надежи беа поуспешни и со головите на Атанасов и Митровски
славеа со 2-0.
The latest figures from @CIES_Football show Jadon Sancho has seen his estimated transfer worth rocket from €9.7m to €87.9m since the start of the season. No surprise to see such a rise in the values of Bernardo Silva and Aymeric Laporte after their starts to the campaign #mcfc pic.twitter.com/ad9wzhs9km
— Rich Fay (@RichFay) December 10, 2018