Од отпишан до МВП за месец април во Милан!

by 24 фудбал
1 минути читање

Од фудбалер за кој се сметаше дека нема иднина на „Сан Сиро“, Лука Јовиќ сега е прогласен за најдобар играч на месецот во Милан. Српскиот напаѓач доби признание од клубот за одличните настапи во април.

Јовиќ беше на чекор од заминување, долго време се водеше како „непожелен“ и отпишан, но со серија силни настапи успеа целосно да ја смени сликата. Голoвите против Наполи и Фиорентина му донесоа место во стартниот тим, а со два гола во реваншот од полуфиналето на Купот против Интер, го оправда укажаното доверие на Стефано Пиоли.

Со ваквите игри, Јовиќ не само што си обезбеди опстанок во тимот, туку и навести подобри денови во дресот на „росонерите“. Додека се чека официјална потврда за продолжување на соработката, Милан му оддаде признание – навивачите го избраа за МВП на април.

На официјалната страница на клубот, Јовиќ го освои првото место во гласањето пред имиња како Мајк Мањан, Рафаел Леао и Кристијан Пулишиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани