Се чини дека
многу работи околу иднината на Барселона се вртат околу 17 годишниот Ансу Фати
кој несомнено е голема иднина на Каталонците.
Барселона
останала цврста на ставот дека во Фати ја гледа иднината на клубот, односно
фудбалерот роден во Бисау со шпанско државјанство е дел од иднината на клубот,
па така одбиле висока понуда за тинејџерот.
Како што пишува „Спорт“,
Барселона одбила понуда вредна 100 милиони евра за Фати, а понудата била од
Манчестер јунајтед, па и покрај силната криза од финансиски аспект која удри во
Барселона како последица од пандемијата со коронавирусот, од „Камп Ноу“
останале цврсти на ставот да го задржат тинејџерот во сопствените редови.
Каталонскиот
весник јасно наведува дека можно е да има одредени компликации околу иднината
на Фати во дресот на Барселона, најмногу поради прашањето со минутажата во таа
екипа, а неговиот агент Жорж Мендеш наводно
бил подготвен за трансфер на тинејџерот на Островот.
Дополнително, во
однос на оваа тема, „Спорт“ додава дека Мендеш јасно посочил дека постои понуда
во висина од 100 милиони евра за Фати, од Манчестер јунајтед изразиле подготвеност
за такво сценарио со што би се повлекле за Санчо од Борусија Дортмунт, меѓутоа
одлуката на првиот човек на Барселона, Бартомеу била категорична, односно
истата содржела негативен одговор.