Од Италија порачуваат: Реал се подготвува за нов тренер, Перез му се јавил на Конте!

by
1 минути читање

Столчето на Хулен Лопетеги сериозно е разнишано откако Реал Мадрид по три децени за прв пат влезе во серија од четири меча без постигнат гол. Се говори дека стратегот ќе ја спасува работата во следните три меча, против Леванте и Плзен дома и гостувањето на Камп Ноу кај Барселона.

Големи се шансите тој да не преживее па Реал Мадрид се подготвува за нов тренер. Според пишувањата на „Кориере дело Спорт“, Флорентино Перез во понеделникот му се јавил на Антонио Конте. Првиот човек на „Кралевите“ сакал да дознае каква е ситуацијата на Италијанецот и дали тој е слободен веднаш да седне на клупата на „Кралевите“.

Антонио Конте изминатово лето доби отказ од Челси но тој се уште е под договор со „Сините“. 

Стратегот бараше оштета од 10 милиони евра, но Челси одби да му ја исплати оваа сума и чека токму ваква ситуација, некој клуб да тропне на вратата на Антонио Конте и самиот тренер да побара раскин на договорот.

Со слична сторија излезе и новинарот на Спортиталија, Микеле Кришитиело, кој на својот Твитер напиша дека е остварен контакт помеѓу Реал и Антонио Конте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани