Хамес Родригез
важеше за голем талент, блесна на мундијалот во 2014, беше најдобар стрелец во
Бразил, па Реал Мадрид реши да го направи нов „галактико“ и на Монако му плати
80 милиони евра.
Фудбалерот од
Колумбија сепак не се снајде на „Сантијаго Бернабеу“ па помина две сезони на
позајмица во Баерн Минхен. Не успеа да се наметне ниту на „Алианц Арена“ па летото во
2019 се врати во Мадрид.
Сезоната 2019/20
практично ја преседе на клупа за во 2020 да добие нова шанса да си ја врати
кариерата на прав пат. Карло Анчелоти го викна да му се придружи во Евертон,
Реал Мадрид го пушти беспари, па Хамес Родригез стана ново засилување на
„карамелите“.
Хамес Родригез
постигна три погодоци и забележа три асистенции во првите шест натпревари во дресот
на Евертон, и кога се чинеше дека тој си ја враќа кариерата на прав пат,
работите тргнаа надолу. До крајот на сезоната постигна само уште три гола и една
асистенција, го загуби првотимскиот статус кај Карло Анчелоти, а откако
Италијанецот си замина и на негово место пристигна Рафа Бенитез, за
плејмејкерот нема место ниту во поширокиот состав.
Изминативе месеци,
Милан и Порто се обидоа да му укажат прилика, но тој ги одби и покрај тоа што
знаеше дека нема иднина на Гудисон Парк.
Последните
информации велат дека Хамес Родригез е билиску до заминување од Евертон и ќе
замине на печалба во арапските земји. Фудбалерот од Колумбија е во преговори со клуб од Катар и се очекува во скоро време да договори трансфер.