Ливерпул,
Барселона и Париз Сент Жермен беа едни од неколкуте европски гиганти кои се споменуваа
како заинтересирани за 21 годишниот офанзивец Лукас Пакета, сепак,
талентираниот Бразилец ќе го облече дресот на Милан, а потврда за тоа пристигна
и од Фламенго.
„Одлуката од
стратегиски план е одлична за Фламенго, ние немаме потреба да чекаме долго,
доколку е нешто добро за клубот, тогаш мораме да го сториме тоа. Фламенго
сакаше да го задржи Пакета на подолг рок и да му го продолжи договорот, но, да
се игра во Европа е сон за многу фудбалери, играњето во Лигата на шампионите е
нешто посебно, Милан е гигант“ рече генералниот менаџер на бразилскиот клуб,
Бруно Спиндел.
„Ние немаме
можност да ги понудиме истите услови, се обидовме да му го продолжиме
договорот, но, неговиот сон беше да игра во Европа, разговаравме со повеќе
клубови и решивме да го задржиме до крајот на годинава пред да си замине во
јануари, понудата на Милан беше најдобрата и тоа е одлично и за него“ додаде
Спиндел.
Милан за услугите на Пакета ќе издвои 35 милиони евра.