Од Челси
испратиле формален предлог до Премиерлигата да го зголеми бројот на дозволени
замени на клупата за резервни фудбалери од седум на девет, а тоа да важи за
преостанатиот дел од актуелната сезона.
Овој предлог на
клубот од Лондон ќе биде разгледуван на следниот состанок кој ќе се одржи во
четврток оваа седмица, а гласањето по истиот предлог ќе биде овозможено на 11.
јуни, поточно на една седмица пред предвидениот рестарт на сезоната на 17.
јуни.
Барањето на Челси
во однос на поголем број дозволени резервни фудбалери на клупата се однесува
поради стравувања за ризикот од повреди, најмногу поради фактот од долгата
пауза поради пандемијата од коронавирусот, а дополнително предлогот воедно се
однесува и поради брзото темпо на натпревари, со што клубовите ќе имаат девет
меча во само шест седмици.
Што се однесува
пак до дозволениот број на замени во текот на натпреварите, клубовите ќе имаат
можност да прават до пет замени во преостанатиот дел од сезоната, нешто за што
веќе беше одлучено уште од претходно.