„Очигледно луѓето не гледаат доволно фудбал“ – Клоп се чуди како никој не доставил понуда за Ориги

by
1 минути читање

За прв пат по јануари месец, Дивок Ориги синоќa беше стартер и одлично му асистираше на Мохамед Салах (за 2-2) во победата на Ливерпул од 3-2 над Милан во Лигата на шампиони.

„Црвените“ се надеваа дека ќе го продадат фудбалерот од Белгија во летниот преоден рок но не добија доволно добра понуда.

„Ориги одигра прекрасен натпревар. Луѓето забораваат колку добар фудбалер е, едноставно е тешко да се влезе во тимот“ – вели Јирген Клоп.

„Во летниот преоден рок сите очекувавме дека ќе пристигне добра понуда, но очигледно луѓето не гледаат доволно фудбал. Се работи за сензационален напаѓач, кој денеска одработи многу добро“.

„Се работи за одлично момче, ќе има статус на легенда кога ќе замине. Можеше да замине летоска, но фудбалот е лудо место и луѓето забораваат колку е добар тој“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×