Авганистанскиот
репрезентативен фудбалер Заки Анвари е еден од неколкуте лица кои го загубија
својот живот во очајничките обиди да избегаат од државата по преземањето на
власта од страна на Талибанците.
Повеќе снимки
просведочија за тоа како одредена група Авганистанци се качија на надворешниот дел
од американскиот воен авион, а дури и тргнаа со него откако полета, за потоа да
почнат да паѓаат од големи височини, а еден од лицата кои го загубија животот е
токму Анвари, чија смрт беше потврдена и од страна на генералниот директорат за
спорт во таа земја.
Неофицијалните
информации за смртта на Заки говорат дека тој најпрво се заглавил во панелот за
механизам за слетување кој се затвора кога тркалата ќе се повлечат, па се
верува дека токму во тие моменти паднал од големата височина.