Очајната статистика на Конте во Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Интер денеска испадна од Лигата на шампионите, оствари само една победа на шестте натпревари од групната фаза и заврши на последното место.

Статистиката вели дека Конте има само три победи на последните 15 натпревари во Лигата на шампионите, тука има и три меча како тренер на Челси.

Победите се против Борусија Дортмунд во октомври 2019, 3-1 со Славија во Прага во ноември 2019 и со Борусија Менхенгладбах во декември 2020.

Конте во Лигата на шампионите бил тренер на три клуба, Јувентус, Челси и Интер. Вкупно има 12 победи, 11 нерешени и 11 порази.

Најдалеку стигнал со Јувентус, до четвртфиналето во 2012-13, кога изгуби од Баерн Минхен со вкупни 4-0.

Следната година со Јувентус беше елиминиран во групната фаза. Потоа во ЛШ играше со Челси во сезоната 2017-18, испадна во осминафиналето, и двапати по ред со Интер губи уште во групната фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×