Обложувалница го понижи Лукаку, наместо дека ќе даде гол, понуди еден куп мајтапџиски типови (ФОТО)

by
1 минути читање

Напаѓачот се мачи
пред противничкиот гол, на „Олд Трафорд“ ја нема затресено мрежата од крајот
на март, а изминатиов викенд на гостувањето на „Сент Мерис“ конечно погоди по
12 меча пост односно 981 минута фудбал.

Па
обложувалницата „Бетфер“ добро го истрола пред денешното дерби со Арсенал. Во
делот за специјални облози беа понудени еден куп мајтапџиски типови.

„Бетфер“ нуди
коефициент три за тоа дека Лукаку нема да биде стартер против „Топчиите“ или
пак дека ќе ја издрибла топката во аут. Се нуди коефициент 3,5 за тоа дека
напаѓачот ќе се сопне од топката, и 4,5 дека нема да упати шут во рамките на
голот.

Има и коефициент
за тоа дека Лукаку ќе биде заменет уште во првото полувреме, дека ќе забележи
шут кој ќе заврши дури во аут, а најсурови се понудите за тоа дека ќе асистира
за гол на Арсенал, или пак ќе го матира Давид Де Хеа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани