Обезбедувањето на Рома истепало двајца новинари за време на тимска вечера (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалерите на Рома сами се организирале и отишле на вечера во „Пјерлуиџи“ ресторан кој се наоѓа во центарот на Рома. Од фудбалерите на вечерата не биле само Англичаните, Абрахам, Смолинг и Мејтланд Најлс, како и Французинот, Верету.

Играчите сами си ја организирале вечерата, без знаење на клубот, но кога Рома дознала за нивните планови, изнајмила обезбедување од некоја агенција за да ги чува фудбалерите.

Фудбалерите не побарале приватна резервација само за нив, туку седеле на јавно место кога двајца новинари се појавиле и ги сликале по што на големо изненадување реагирало обезбедувањето.

Луѓето од обезбедувањето најпрво им рекле на новинарите да ги избришат фотографиите, откако тие одбиле, биле физички нападнати. Инцидентот траел додека не пристигнала полицијата.

Во јавноста се појави и видео од човек како бара помош додека член на обезбедувањето го турка кон ѕидот.

Рома им се извинила на новинарите и на медиумите, а ја информирала агенцијата дека веќе нема да ангажира нивно обезбедување.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани