На Микел Артета
му дојде преку глава од недисциплината на Пјер Емерик Обамејнаг, па откако
фудбалерот се врати доцна од патување во Франција, беше казнет и остана без
капитенската лента.
Фудбалерот од
Габон веќе ги пропушти дуелите со Саутемптон и Вест Хем, а не доби повик ниту
за денешната пресметка против Лидс.
Како што
пренесуваат медиумите од Англија, Пјер Емерик Обамејанг е принуден да тренира
сам, нема да биде во комбинација ниту за дуелот со Норич, и практично повеќе нема да игра оваа година
бидејќи потоа треба да се пријави на должност со Габон и Африканскиот куп на
Нации.
Одредени извори
пренесуваат дека во јануари ќе се бара нов клуб за Пјер Емеринг Обамејанг, но
проблем може да биде неговата неделна плата од 350.000 фунти.