183
Пјер Емерик Обамејанг полека но сигурно станува омразена личност меѓу навивачите на Арсенал кои сакаат нов напаѓач.
Обамејанг откако го потпиша богатиот договор веќе не е истиот фудбалер. Тој се мачи во играта, но синоќа направи глупост каква што никој не ни можеше да помисли.
Капитенот на Арсенал, Обамејанг лајкна пост на Роналдо во кој Португалецот ја слави победата над својот тим против топчиите.
Следуваа лавина реакции од фановите на Арсенал кои бараат Обамејанг да си оди од нивниот тим. Брзо потоа напаѓачот го повлече лајкот.

