367
Во сезоната 2016-17, Обамејанг и Дембеле играа заедно за Борусија Дортмунд, потоа едниот замина во Арсенал, другиот во Барселона.
„Тој ми прати порака за да дознае дали ќе дојдам во Барселона, јас не му пишав прв поради ситуацијата во која се наоѓа, но продолживме да зборуваме“, вели Обамејанг.
„Тоа што тој е тука за мене е нешто посебно поради фантастичната година која ја имавме во Дортмунд, тој е еден неверојатен фудбалер. Дембеле е еден од најдобрите со топка, фантастичен напаѓач. Среќен сум што е тука и кога дојдов му реков: „Треба да останеш“.
„Не знам дали ќе остане, но една работа можам да кажам, а тоа е дека се е возможно во животот“.