Нуно Еспирито Санто е главен кандидат за клупата на Тотнем

by
1 минути читање

На Островот
известуваат дека поранешниот тренер на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто е
главен кандидат за преземање на кормилото во Тотнем, екипа која се соочува со
доста проблеми изминатиов период, особено по фактот што првата ѕвезда Хари Кејн
сака да си замине.

Се верува дека
првиот човек на „Спарси“, Даниел Леви дал зелено светло за ангажман на
португалскиот фудбалски стратег, кој ја има поддршката и од новиот директор,
Фабио Паратичи.

Тотнем исто така
беше заинтересиран и за предводникот на Брајтон, Грем Потер, меѓутоа „Дејли
Мејл“ пишува дека токму Нуно Еспирито Санто се издвоил како прв фаворит, а тој
инаку се поврзува и со клупата на Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×