Екипата на Манчестер сити со гол во последните моменти од натпреварот успеа да слави победа над Астон Вила со 2-1.
Победата за Манчестер сити е од исклучителна важност во борбата за место во Лигата на шампионите наредната сезона. Со овој триумф „граѓаните“ го прескокнаа Нотингем Форест кој остана четврти со 60 бода, но и со натпревар помалку. Манчестер сити е на 61. Пота следи Њукасл со 59, Челси со 57, колку што има и Астон Вила.
„Граѓаните“ први дојдоа до водство и тоа уште во седмата минута по грешката која ја направи голманот Емилијано Мартинез. Гостите се вратија во 18-тата минута кога Рашфорд реализираше пенал за 1-1.
Во продолжение, посебно во второто полувреме гледавме натпревар многу шанси, а победата за фаворитот ја донесе Матеуш Нуњеш кој ја искористи асистенција на Доку и погоди во 94. минута.