158
Во последно време
често се пишува за иднината на Кристијано Роналдо, се говори дека летоска ќе замине
од Јувентус. Шпекулациите велат дека тој е подготвен да се откаже од десетици
милиони евра за одново да го облече дресот на Манчестер јунајтед, а како опција
се посочува и ПСЖ.
Новинарот Клаудио
Раимонди од Спортмедиасет сега излезе со ново сценарио, вели дека ЦР7 сака во
целост да го одработи договорот со Јувентус и потоа со 2022 да се врати во
Спортинг Лисабон.
Кристијано
Роналдо ќе стави потпис на двегодишен договор со „лавовите“ и ќе ја заврши
кариерата онаму каде што ја започна.