Ново разочарување за Манчестер јунајтед, реми со Саутемптон (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Саутемптон одигра уште еден одличен меч на терен на фаворит, по победата над Тотнем во Лондон, денеска освои бод од Олд Трафорд против Манчестер јунајтед.

Тимот на Рангник тргна добро и по неколку шасни, Санчо во 21. минута постигна гол по асистенција од Рашфорд, Јунајтед поведе со 1-0. Со тој резултат заврши и првиот дел.

Но, по само три минути игра во второто полувреме Че Адамс пласираше прецизно за израмнување на 1-1.

До крајот на натпреварот и двете екипи имаа свои шанси, но резултатот остана непроменет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×