Новиот среден ред на Милан ќе биде на швајцарски погон, Таре ги пикирал Џака и Јашари

by bojan
1 минути читање
Јашари е мета на градските ривали Интер и Милан

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан води преговори со Клуб Бриж за ангажман на Ардон Јашари, разликата помеѓу двата клуба е околу 5 милиони евра.

„Росонерите“ ќе имаат нов изглед во средниот ред, Тиџани Рејндерс се пресели во Манчестер Сити, а Јунус Муса е пред трансфер во Наполи.

На листата со желби има неколку имиња, а спортскиот директор Игли Таре ги пикирал репрезентативеците на Швајцарија, Гранит Џака и Ардон Јашари.

Веќе се одржани позитивни преговори со агентите на Гранит Џака, кој е отворен за преселба на Сан Сиро, и сега Милан ќе треба да пронајде дил со Баер Леверкузен.

Последните информации велат дека „росонерите“ доставиле и понуда до Клуб Бриж за Ардон Јашари.

Првиот предлог на Милан изнесувал околу 28 милиони евра, додека пак Клуб Бриж бара уште 6 милиони евра повеќе.

„Росонерите“ исто така остануваат заинтересирани за Самуеле Ричи од Торино, кој е во бележникот уште од јануари месец,

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×