Новиот договор на Меси ќе и создаде проблем на Барселона од 200 милиони евра

by
1 минути читање

Лео Меси минатото лето беше на чекор до заминување од Барселона откако
испрати итен допис и побара едностран раскин на договорот. И покрај тоа што не
му беше исполнета желбата, се веруваше дека неговите денови на Камп Ноу се одбројани
и тој ќе замине 12 месеци подоцна.

Сепак, Жоан Лапорта победи на претседателските избори, се промени климата
во клубот и сега Лео Меси е многу блиску до потпис на нов двегодишен договор.

И додека останувањето на Лео Меси е голема победа за Жоан Лапорта, новиот
договор на Аргентинецот ќе му донесе огромни главоболки на претседателот.

Според РАЦ1, Барселона ќе мора да „исчисти“ 200 милиони евра од сметките за
плата за да влезе во рамките на „селари-капот“ поставен од Ла Лига.

Тоа ќе значи продажба или позајмица на играчи со високи примиња, како и играчи
кои не се дел од плановите на Роналд Куман. Некои пак ќе треба да прифатат
намалување на платата за да продолжат на Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×