Новиот бран тестирање во Премиерлигата донесе еден позитивен случај на Ковид-19

by
1 минути читање

Во Премиерлигата
активно течат подготовките за рестартот на актуелната сезона предвиден да се
случи идната среда на 17. јуни, а воедно се реализираат и предвидените
тестирања за Ковид-19.

Од Премиерлигата
потврдија дека регистриран е еден позитивен случај на најновото тестирање за
Ковид-19 при што тестирани биле 1213 лица, фудбалски и не-фудбалски персонал
оваа седмица.

Последното
тестирање се изврши во понеделникот, како и вчера, а според предвидениот
протокол, не се објавуваат имињата на заболените од вирусот, а ова беше осма
рунда тестирање за коронавирусот во Премиерлигата.

Претходното
тестирање не донесе ниту еден позитиве случај во сите 20 клуба од
Премиерлигата, а досега се регистрирани само 14 позитивни случаи на вкупно
7,487 тестови откако започна т.н. „Проект рестарт“ кој веќе е во втората и
финална фаза при што се одобрени тренинзи со контакти помеѓу фудбалерите, како
и контролни натпревари меѓусебно под посебни протоколи.

Рестартот на
сезоната во Премиерлигата ќе се случи со дуелите помеѓу Астон Вила и Шефилд
Јунајтед, односно  Манчестер Сити и Арсенал
идната среда, за од петок до понеделник да следи нова рунда натпревари во
предвиденото 29. коло.

Ливерпул е на
само две победи до првата титула по пауза од цели 30 години, а секако дека интересна
ќе биде битката за неколку позиции на табелата, оние за излез во Европа идната
сезона, како и во долниот дел од табелата каде се уште никој не е сигурен во
битката за опстанок во елитното друштво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×