Новинарот кој го правеше интервјуто со Меси: Ми кажа како планира да ја заврши кариерата, бев изненаден

by
1 минути читање

Лео Меси минатото
лето побара да замине од Барселона, испрати итен допис за раскин на договорот,
но откако не доби дозвола, реши да продолжи на Камп Ноу. Тогаш, во разговор со
Гоал, Аргентинецот раскажа што се случувало и зошто се решил на ваков потег.

Напаѓачот сега
одново си ја отвори душата, седна на интервју со Жорди Еволе, целиот разговор
ќе биде емитуван во недела.

Во меѓувреме,
Жорди Еволе октри дека дискутирал со Аргентинецот за неговите планови и Лео
Меси му открил како сака да ја заврши кариерата.

„Ми кажа дека има
многу специфичен план за својата иднина, ми кажа како сака да ја заврши
кариерата и бев изненаден“
– вели новинарот.

Тој потоа беше
запрашан дали Лео Меси може да заврши во САД, во редовите на Интер Мајами: „Ќе
треба да го вклучите телевизорот во недела навечер… но не сте многу далеку од
вистината“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×