Од турските медиуми пристигнуваат информации за скандал во кој во центарот на вниманието е напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен.
Имено, Осимен е обвинет дека нападнал новинар пред ноќен клуб по натпреварот проитв Динамо Киев кој заврши без победник 3-3.
Обвинувања кон нигерскиот напаѓач изнесе новинарот Толга Боздуман кој тврди дека бил удрен од Осимен затоа што го фотографирал.
„Почнавме да сликаме, а тогаш Осимен почна да вика гласно и да трча кон мене. Прво се обиде да ми ја одземе камерата, но не му дозволив, а потоа ми удри бокс во главва“, изјави Боздуман.
Се огласи и Осимен кој ги демантираше обвинувањата.
„Не сум удрил никого. Побарав од него да ги избрише фотографиите, тоа се фотографии од мене и имам право да барам да бидат избришани“, изјави фудбалерот.