Пеп Гвардиола
беше принуден да ја откаже пресконференцијата во пресрет на гостувањето кај
Њукасл во недела во рамките на 18 коло од Премиерлигата, а сето тоа поради
сомнителен тест за ковид-19, за што ќе чека втор тест, овој пат ПЦР тест за потврда.
50 годишниот
фудбалски стратег нема да има можност да поразговара со новинарските екипи во
пресрет на новиот предизвик во Премиерлигата, а тој заедно со спортскиот
директор на клубот, Тики Бегиристан, како и тренерот Лоренцо Буенавентура беа
присутни на настанот на кој поранешниот напаѓач на „Граѓаните“, Серхио Агуеро
објави крај на својата кариера.
Доколку се
потврдат сомнежите за заразеност со ковид-19, Гвардиола ќе отсуствува од
клупата на „Граѓаните“ за пресметката на гости кај Њукасл викендов, како и дуелот
на домашен терен против Лестер идната недела.
Дуелот помеѓу
Њукасл и Манчестер Сити е само еден од петте кои се предвидени викендов во
Премиерлигата, останатите се одложени поради хаос со ковид-19 во самите
клубови.