Нови два македонски клуба добија забрана за трансфери од ФИФА!

by 24 фудбал
1 минути читање

Светската фудбалска федерација ФИФА во новиот извештај поврзан со клубовите и нивните лиценци објави да нови македонски клуба кои имаат забрана за трансфери.

Станува збор за прволигашот Воска Спорт која неодамна имаше одредени структурни промени и зимава доведе неколку имиња, како и за второлигашот Брегалница Штип. На новата листа на ФИФА е наведено дека Воска и Брегалница не смеат да регистрираат нови фудбалери.

Причината за овие забрани од страна на ФИФА се тужби и проблеми поради неисплатени плати кон вработените во клубовите. Времетраењето на санкциите е на три преодни рока.

Од претходната листа повеќе го нема второлигашот Скопје кој го разреши проблемот. Сепак, тука се уште е Шкупи кој има нова пријава од јануари, иако новите сопственици најавија дека брзо ќе ги разрешат проблемите од овој вид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани