Нови детали за страшниот напад врз Отаменди, крадците си заминале со плен од 300.000 евра

by
1 минути читање

Синоќа беше објавено
дека Николас Отаменди и неговото семејство доживеале хорор откако биле мета на
крадци по дуелот помеѓу Фамаликао и Бенфика во неделата навечер.

Како што
пренесуваат медиумите од Португалија, се работи за добро организирана група,
која точно знаела кога играчот ќе се врати дома, и го пресретнала пред портите на
неговата вила.

Напаѓачите му ставиле
лисици на рацете, му врзале ремен околу вратот и го натерале да влезе во домот,
каде била сопругата и синот, кои биле препрашени од сцената пред нивните очи.

Се говори дека
крадците си заминале со плен вреден околу 300.000 евра (накит, часовници и пари).
Полицијата се сомнева дека се работи за странци, бидејќи никој не говорел на
португалски јазик.

Од таборот на
Бенфика го потврдија немилиот настан и побараа да се почитува приватноста на
фудбалорт.

„Играчот и
неговото семејство се добро и покрај големата непријатност предизвикана од
ситуацијата во која се најдоа. Бенфика повикува да се почитува приваноста на
играчот и неговото семејство од страна на сите медиуми, додека се чека да
заврши истрагата на полицијата“
– гласеше известувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×