Нови детали за грабежот во домот на Ди Марија

by
1 минути читање

Домот на Анхел Ди Марија синоќа беше ограбен. Додека фудбалерот на ПСЖ беше на теренот и играше против Нант, крадци влегле во неговата куќа.

Спортскиот директор Леонардо веднаш го извести тренерот Покетино за случувањата, па фудбалерот беше повлечен од игра и испратен дома.

Во прв момент се пишуваше за насилство па дури и киднапирање со оглед на тоа дека семејството на Ди Марија било дома за време на грабежот.

Сепак, последните информации велат дека за среќа не станувало збор за толку сериозен инцидент, семејството на Ди Марија било на долниот кат додека натрапниците оперирале на горниот.

Сепак, крадците си заминале со богат плен. Од сеф украле часовници, накит и вредни предмети кои се проценуваат на 500.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани